Министерот Чулев во посета на полициските службеници на пунктовите во Скопје
По повод големиот христијански празник Велигден, министерот за внатрешни работи Наќе Чулев придружуван од раководството на СВР Скопје синоќа ги посети колегите, распоредени на полициските пунктови во неколку скопски населби во општините Гази Баба, Зелениково и Кисела Вода.
На полициските службеници од православна вероисповед министерот Чулев ѝм го честиташе големиот христијански празник Велигден, а на останатите колеги им посака мирна работна вечер.
Од страна на полициските службеници, соопшти денеска МВР, Чулев бил информиран дека изминатата вечер на улиците на главниот град било мирно и без посериозно прекршување на Законот, а граѓаните на Скопје ги почитуваат мерките за ограничување на движењето кои се донесени од страна на Владата.
Министерот Чулев им се заблагодари на сите граѓани за високата свесност за улогата на секој поединец во борбата со невидливиот непријател што во овие важни моменти за сите нас, како што рекол, ја покажуваат на дело.
– На овој голем празник Велигден посакувам емпатијата, меѓусебната поддршка, почитувањето и разбирањето да бидат наши водилки во периодот што следи, истакнал Чулев при посетата.
Ново на Сител
-
Затворен аеродромот Манадо поради ерупција на индонезискиот вулкан Руанг
-
Надал: Нема повеќе да се натпреварувам во Барселона
-
Ред Бул има намера да го задржи Перез во 2025 година и да го врати Албон во 2026 година
-
Нов „Блек шарк“ прстен на „Шјаоми“
-
Стартува трката за пратеници, уште пет дена претседателска кампања
-
Во Брисел продолжува дијалогот меѓу Белград и Приштина за употребата на динарот во Косово
-
Американскиот Конгрес на 20 април ќе гласа за помошта за Украина и Израел
-
Избори во Хрватска: По преброени 98 отсто од гласовите - ХДЗ има 60, а СДП 42 пратенички мандати