Македонија
11. November 2019 - 8:31

Министерот Бектеши во посета на компанијата „Еуро Блу“ во Тетово

Министерот за економија, Крешник Бектеши, денеска во Тетово заедно со министерот без ресор задолжен за регулатива за подобрување на инвестициската клима за домашните претпријатија, Хисен Џемаили, ќе ја посети компанијата за производство на пластичните ќеси „Еуро Блу“.

Компанијата, како што соопштува Министерството за економија, е потписник на договорот за државна помош согласно Законот за финансиска поддршка на инвестициите од Планот за економски раст.

Потоа министерот Бектеши ќе присуствува на првата презентација на Физибилити студијата за ски-центарот Попова Шапка.