Македонија
4. September 2015 - 11:07

Министерот Адеми во посета на Косово

Министерот за образование и наука Абдилаќим Адеми од денеска престојува во официјална посета во Република Косово.

Министерот Адеми, како што соопшти геговиот кабинет,  во Приштина ќе се сретне со косовскиот министер за образование, наука и технологија Арсим Бајрами и со ректорот на Приштинскиот универзитет, Рамадан Зејнулаху.

Во сабота, Адеми ќе учествува на инаугурација на химната на Мајка Тереза „Божествен валцер“, манифестација што ја организира Собранието на Република Косово