Македонија
11. December 2018 - 16:12

Министерката за правда Дескоска очекува Унгарија да постапува по европските конвенции за екстрадиција

Очекувам Унгарија како земја членка на Европската Унија при носењето на одлуката за екстрадиција на поранешниот премиер Никола Груевски да се води по европските стандарди и конвенции, истакна министерката за правда Десковска.  Таа вели дека според меѓународните документи нашата земја има право да бара и да добие екстрадиција.

Претходно, комесарот за проширување на ЕУ Јоханес Хан посочи дека Унгарија, најверојатно нема да го испорача Груевски во Скопје. Во однос на амандманите на Европскиот Парламент со кои се бара од Будимпешта поранешниот премиер да биде вратен во Македонија, еврокомесарот рече дека не е многу веројатно дека тоа ќе се случи, бидејќи двете земји немаат таква спогодба.

На ова реагираше унгарскиот министер за надворешни работи Петер Сијарто, кој рече дека Хан треба да се грижи за проширувањето, а не за законските процеси во земјите членки. Шефот на унгараската дипломатија ваквата изјава ја дал по одржувањето на состанокот на Советот на министри за надворешни работи на ЕУ, воопшто не споменувајќи го случајот со Груевски.