-->
-->
Mинистерка во Хрватска без возачка дозвола удрила во 10-годишно дете
-->
Хрватската министерка за регионален развој и ЕУ фондови, Габриела Жалац немала важечка возачка дозвола во моментот кога со возилото кое го управувала налетала и удрила во дете.
Медиумите пренесоа дека се работи за мало девојче кое претрчало на улицата, на место на кое немало пешачки премин. Детето е хоспитализирано и не е во животна опасност.
Од полицијата соопштија дека на министерката, бидејќи управувала возило со неважечка возачка дозвола, изречена и е парична казна во износ од околу 135 евра, односно 67 евра доколку казната ја плати веднаш, како што се наведува било направено.
Алко-тестирањето покажало дека министерката во моментот на сообраќајната несреќа не била под влијание на алкохол, наведе хрватската „Н1“.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Неврохирург со амбиција за промени во општеството | Венко Филипче | Неформално | Sitel Podcast 028
-
Вработена во битолско средно училиште нападната од колешка
-
Поради одржување предизборни митинзи в сабота и недела изменет режим на сообраќај во Скопје
-
Во општините Дебар и Центар Жупа повеќе гласачи од жители
-
Тепачка помеѓу две колешки во средно училиште во Битола
-
Вчера пријавени два различни случаи на физичко насилство на Бит Пазар
-
Приведени сопружници од Скопје
-
Во Прилепско во тек се теренски акции за имунизација