Македонија
18. September 2021 - 14:10

Мини-бус кој превезувал патници и два автомобила се судрија на влезот кај Делчево

Во прекин e сообраќајот на регионалниот пат А3 на влезот кај Делчево, како што информираат од полицијата, поради сообраќајка во која учествувале два автомобила со делчевски регистерски таблички и мини-бус кој превезувал патници.

Во тек е увид на крстосницата каде се случила сообраќајката.

Според очевидци, се случил судир на возилата со мини-бусот. За среќа, како што додаваат, нема повредени лица.