Џет-Сет
26. February 2016 - 14:39

Мими Оро проститутка со тапија - судот ја казни со 500 евра

Старлетата Милица Живановиќ, позната како Мими Оро (25) која беше  уапсена под обвинение дека се занимавала со елитна проституција,  заработи парчина казна на повтореното судење од 60.000 динари (околу 500 евра).

Таа првично е осудена на 8 дена затвор и издржа половина од казната, но сега нема да се враќа зад решетки зошто паричната санкција и е пресметана во пресудата.

-Во новата постапка сослушани се двајца мажи, кои изјавија дека платиле за сексуални услуги со Живановиќ, ја препознале врз основа на фотографии кои им се покажани. Исто така е сослушан и инспекторот кој против неа поднел пријава за занимавање со проституција. Оваа пресуда ја потврди и Прекршочниот апелациски суд и Живановиќ нема право на жалба, вели извор.

На Живановиќ и во двата случаи и пресудиле судии - жени, а во Прекршочниот апелационен суд ималу дури 3 жени.

-На Живановиќ не и е сеедно што и со новата пресуда е прогласена за виновна за проституција, а малку и олесни што затворскиот кревет нема да мора да го користи уште 4 дена. Меѓутоа, протестира поради тоа што не се соочила со клентите кои тврдат дека биле со неа и со инспекторот кој ја пријавил, но и тоа што сега има „диплома на проститутка“, вели соговорник за српски „Курир“.

Се надевала дека ќе се извлече

Живановиќ се надевала дека постапката против неа ќе застари во јануари, но неуспеала да се извлече зошто и е пресудено во последен момент. Сметала дека постапката против неа не е водена како што треба и дека и се ускратени права, па многу се разочарала.

Живановиќ со уште 7 девојки е уапсена во декември предминатата година, а се товареше дека се занимавала со најстариот занает на светот. Во женскиот затвор во Пожаревац издржа половина од 8-дневната казна затвор на која тогаш беше осудена.

На слобода се најде откако Прекршочниот апелационен суд ја усвои жалбата на нејзиниот адвокат на пресудата. Советот на прекршочниот апелационен суд до тогаш утврди постоење на битни повреди на постапката, го укина предметот и го врати на повторно одлучување, а процесот е завршен по една година.

Старлетата од јагодина кај судиите за прекршоци негираше дека се занимава со елитна проституција и молела да не ја испраќаат зад решетки. Таа и претходно во медиумите раскажуваше дека „проституција“ постои на естрадата, меѓу познатите фаци и дека и самата добивала непристојни понуди.

Мими Оро пред година дена влезе во реалното шоу „Парови“ за да ги демантира написите дека се занимавала со проституција. Старлетата тогаш изјави дека сака добро да се забавува и да им докаже на сите дека е нормална и морална девојка.

-Не сум проститутка и не се занимавам со тоа. Се надевам дека вистината ќе излезе на виделина, рече Мими Оро кратко по апсењето.