Loading Video...
Кошарка
4. July 2021 - 10:41

Милвоки противник на Феникс во големото НБА финале

Милвоки „Бакс“ е вториот тим што обезбеди пласман во големото финале на НБА лигата. 
 
Во шестиот натпревар од финалето на Источната конференција одигран во Атланта, тимот на Милвоки забележа тиумф со 118-107 и со 4:2 во победи ја доби серијата против „Хоукси“. 
 
Со тоа составот од Милвоки за првпат по 47 години ќе игра во големото во кое за противник ќе го има шампионот од западот Феникс „Санс“. 
 
Финалната серија што се игра во четири добиени натпревари ќе започне со два дуели на теренот на „сонцата“ среда и петок (7и 9 јули) наутро од 3 часот, по што третиот и четвртиот меч ќе се играат во Милвоки на 12 и 15 јули (понеделник од 2 и четврток од 3 часот). 
 
Доколку биде потребно наредните три натпревари до евентуалната мајсторка би де играле најизменично и тоа 18, 21 и 23 јули (сите од 3 часот).