Македонија
23. November 2016 - 17:17

Милошоски: Битола ќе добие современа спортска сала, базен, железничка и нов експресен автопат

Нова современа спортска сала, базен, железничка и нов експресен автопат се само дел од проектите за Битола предвидени во изборната програма на Коалицијата за подобра Макеоднија, преводена од ВМРО-ДПМНЕ. Носителот во петтата изборна единица Антонио Милошовски пополаднево пред битолчани презентираше дел од реалните проекти, потенцирајќи дека се што е запишано во програмата ќе биде остварено.

Неколку проекти кои се обврзуваме ќе ги исполниме во иднина: Првиот проект е изградба на еден голем спортски центар во кој што ќе има сала со шест илјади седишта, а ќе има и затворен пливачки базен со ватер поло димензии, ќе има сала за боречки вештини како и една современа гимнастичка сала. Овој нов спортски центар мислиме дека ќе биде еден од најдобрите во Југозападниот дел на Македонија и достоен за големината на Битола и за спортот кој што тука секогаш имал корен. Втората работа како што знаеме пред неколку години како несреќен случај се запали домот копанки, иако не беше сосема регулирана сопственоста на овој планинарски дом ние раговаравме со ЕЛЕМ како препријатие кое што има посолиден буџет и се обврзуваме да го обновиме планинарскиот дом заедно со ЕЛЕМ за што имаме и рок и финансиска конструкција, вели Милошоски.

Милошовски посебно се осврна и на капиталните проекти за решавање на проблемот со загаденоста на воздухот во Битола. Најави изградба на магистрален гасовод кој од Неготино ќе се поврзе до Битола, од Битола до Ресен и од Ресен до Охрид и Струга.

Да направиме еден прстен, а првенствено да може да биде користен преку дистрибутивна мрежа и од стопанските субјекти и од домаќинствата.На тој начин ќе имаме и поевтина енергија и почист воздх, а тие што произведуваат ќе имаат поевтин ресурс по конкурентен на пазарот. На крајот тоа што исто така сметам дека е важно за Битола е експресен пат, од Битола до Меџитлија за да може овој експресен пат да служи за поголема комуникација и на луѓето но и на оние што произведуваат и извезуваат во соседната земја. Исто така патот ќе се поврзува и со индустиската зона Жабени, а ќе го обновиме и железничкото поврзување од Битола кон Грција а со тоа и кон Солун. 

Во Битола попладнево беше отворен и регионален изборен штаб на Коалицијата за подобра Македонија за петтата изборна единица.