Балкан
19. July 2018 - 10:41

Милош и Снежана отидоа да заработат за свадба, а сега спремаме погреб – тежат зборовите на неговиот татко

Црногорската полиција се уште ги испитува околностите под кои пред два дена во Бечиќи на пешачки премин животот го загуби Милош Вукомановиќ од Звечани, а неговата свршеница се уште е во животно загрозувачка состојба. И додека полицијата ги објавила само иницијалите на будванката која возела, неофицијално меѓу жителите на тоа место може да се чуе дека се работи за ќерка на моќник, поранешен полицаец и сопственик на луксузен хотел на Свети Стефан. Како што се зборува Е.А.(23) возела со 120 километри на час кога налетала на младиот пар и во таа прилика ги покосила.
 
Со ова еден млад живот ненадејно е угасен, а за другиот се уште трае борбата. Кога на почетокот на април го испраатиле во Црна Гора, родителите на Милош не ни помислувале дека веќе нема да го видат жив.
 
-Не можеме да веруваме што се случи, сите сме во шок. Нашиот Милош и Снежана отидоа да заработат пари за свадба, а сега му подготвуваме погреб – натежнуваат како олово зборовите на таткото на Милош.
 
На семејството на загинатото момче проблем му излегол и кога сакале телтото на Милош да го префрлат на Косово за да го погребат. Борбата траела неколку часа, но во вечерните часови посмртните останки најпосле тргнале кон Звечане. Утре би требало да бидат погребани.