Македонија
18. February 2017 - 11:08

Милионска кражба во Гостивар

Б.А. (63) сопственик на куќата на улицата „Борче Јованоски“ во Гостивар, вчера пријавил дека во неговиот дом била извршена тешка кражба во периодот од 8 до 11 часот. По извршениот увид, било утврдено дека непознати лица, со насилно отварање на влезната врата, ја пребарале внатрешноста и во комода во спална соба нашле кутија во која повеќе синџирчиња, прстени, нараквици, златни пари и други скапоцености, вредни над 30 илјади евра.

Сторителите на оваа тешка кражба причиниле и дополнителна штета на влезната врата која се проценува на околу 150 илјади денари.