Џет-Сет
20. April 2017 - 11:57

Милион лајкови за неколку часа: Кардашијан 38-от роденден го прослави целосно гола!

Славната Кардашијанка по повод својот роденден, соблекла се` од себе и гола позирала во вода. Фотографијата ја објавила на својот профил на Инстаграм, а истата за само половина час и` донела 200.000 лајкови
 
Кортни Кардашијан можеби е најстарата сестра во семејството, но тоа не значи дека заостанува зад Ким и Клои, барем што се однесува до голотијата и провокативните фотографии кои ги објавува.
 
Имено, славната ријалити ѕвезда по повод својот 38-ми роденден соблекла се` од себе и позирала во водата. Фотографијата ја споделила на својот профил на Инстаграм, а за само половина час добила 200.000 лајкови и многу комплименти за својот изглед.
Роденденот на социјалните мрежи и` го честитале и нејзината мајка Крис Џенер, како и сестрата Клои.
 
Ријалити ѕвездата има три деца со Скот Дисик – синовите Мејсон (7) и Реин (2) и ќерката Пенелопе (4).