Свет
20. November 2015 - 13:04

Милијарди илегални долари на сметките на ИД

Изјавата на рускиот претседатела Владимир Путин дека 40 држави, вклучувајќи и некои членки на Г20, ја финансираат вооружената група Исламската држава (ИД), беше шокантна и изненадувачка, посебно поради тоа што следеше неколку дена по нападите во Париз.

Путин додаде дека фотографиите снимени од Вселената и воените авиони јасно ги покажуваат размерите на илегалната трговија со нафта и нафтени деривати која ја спроведува ИД, истакнувајќи дека еден конвој цистерни нафта од Сирија се протега на десетици километри.

Иако изјавите на „рускиот цар‟ за бројот на држави кои ја финансираат ИД се нешто ново, објавата за илегална трговија на нафта со која се финансира оваа група претставува веќе добро позната работа. Меѓутоа, сега се наметнуваат следните прашања: Дали ИД зависи само од продажбата на нафта?

Кои се изворите на нивното финансирање? Кои се размерите на богатството на најбогатата организација во историјата?

Две милијарди долари

Според извештајот на Годишниот индекс на цените на тероризмот, богатството на ИД се проценува на речиси две милијарди долари, кои се остварени од неколку извори:

- продажба на нафта и нафтени деривати;

- електраните;

- трговија со антиквитети;

- даноци воведени на жителите на териториите кои се наоѓаат под нивна контрола;

- откупнини кои ги добиваат по киднапирањата, од кои само минатата година заработиле околу 45 милиони долари;

- продажба на речиси 40 отсто од производството на ирачката пченица.

Нафтата и даноците

Една експертка која учествувала во подготовката на Годишниот индекс на цените на тероризмот, кој го објави американскиот Институт за економија и мир, ги објаснува деталите за тоа на кои се начини се финансира оваа група.

ИД контролира 10 нафтени полиња во Ирак и Сирија, а нафтата им помага да остварат повеќе цели. Како прво, обезбедуваат енергетски потреби за речиси 10 милиони луѓе, кои живеат на територии под нивна контрола, како и гориво за воената машинерија на терен.

Второ, со продажба на нафта ги држи своите непријатели под контрола, посебно ако се земе предвид дека голем број трансакции на сириската вооружена опозиција се потпира токму на ИД, при набавка на дизел.

ИД остварува 1,5 милиони долари дневно од продажба на 34.000 и 40.000 барели нафта на независни трговци, а потоа таа нафта се шверцува на црниот пазар, што го контролираат шверцерите во Турција, Иран и Јордан. 

Групата ИД држи контрола над осум електрани во Сирија, а познато њ и дека 90 отсто од испораките на гас и гасните станици се наоѓаат на територии кои ги контролира сирискиот режим и групата ИД, наведува експертката, додавајќи дека овие две судрени страни, кои водат борби на повеќе фронтови, не сакаат да дојде до уништување на тие станици, бидејќи им носат огромни пари.

Данок на добивка

ИД исто така, на териториите кои ги држи под своја контрола воведе и даноци на добивка во износ од 10 отсто и меѓу 10 до 15 отсто на приходите на институциите, како и два отсто на продажбата на стоката, покрај плаќањето на патарините и преминувањето на границите во места кои тие ги контролираат.

Експертката открива и дека „таксата за излез‟ од териториите под контрола на ИД изнесува околу 1.000 долари и дека важи само за две недели. Не треба да се заборави ни џизијата, данок кој се зема од христијаните кои живеат на териториите на оваа групација, кои ги ослободуваат само во случај ако го прифатат исламот.

Интересно е дека експертите потенцираат оти ИД финансиски е многу стабилен и дека не е како другите вооружени групи, бидејќи може да се потпре на својот посебен даночен систем и тоа така што ќе освојува дополнителни територии и ќе воведе нови даноци и ќе ги зголемува приходите.

Тоа значи дека оваа група се потпира само на интерно финансирање и управување на изворите за финансирање на многу професионален начин.

За да ја потврди својата транспарентност и професионализам, според зборовите на експертите, ИД објавува „годишен извештај во кој се одредува стратегијата на работа, вклучувајќи и специфични инвестиции и трошоците за акциите кои ги спроведуваат‟.

Експертите сметаат дека ова богатство не само што на ИД и овозможува исплата на плати на странските борци кои и се приклучуваат, туку и финансирање на акции кои оваа група ги спроведува во светот.

Тоа се случи токму при нападите во Париз, кои зад себе оставија стотина загинати и ранети. Според експертите, борците на ИД месечно заработуваат од 375 до 1.200 долари.

Врз основа на овој извештај, организацијата ИД и групата Боко Харам која даде заклетва на ИД и нејзиниот лидер Абу Бакр ал-Багдади, остварија репутација „најкрволочни‟ терористички организации. Се додава дека „ИД е одговорна за смртта на над 600 луѓе во речиси 1.100 напади, поради што се смета за најдеструктивна организација на светот‟

Прилив на странски борци

Извршниот претседател на Институтот за економија и мир, Стив Килеле истакнува дека „се забележува промена во тактиката која ја применуваше ИД, што се гледа и во нападите во Париз‟. Тој вели дека „ИД и Боко Харам уште повеќе напаѓаат цивили отколку војската и безбедносните штабови, сметајќи дека акциите како овие оставаат зад себе поголем број на жртви, ги доведуваат луѓето во судир со властите, ги дестабилизираат политичките системи и ги наведуваат да ги преиспитаат своите сметки‟.

Наспроти строгите мерки за безбедност на границите кон Сирија и Ирак и воените акции во овие две држави, се уште продолжува приливот на странски борци во тие земји.

Според извештајот на Годишниот индекс на цените на тероризмот, 7.000 странци им пристапиле на вооружените групи во Ирак и Сирија, во текот на првите шест месеци во тековната година, а дека од 25.000 до 30.000 борци стигнале во Сирија и Ирак уште од 2011 година и дека 21 отсто борци пристигнале од Европа, а околу 50 отсто од Блискиот исток и од Северна Африка.