Бизнис
13. December 2019 - 16:53

Милијарда евра од европските фондови на располагање на македонските мали и средни фирми

Земјава има на располагање до милијарда евра годишно од европските фондови. За овие пари да стигнат тука потребно е фирмите пред се да поикажат интерес и да аплицираат. Најголоем дел од парите се наменети за мали и средни претпријатија кои во сите европски земји се носители на економската активност. Тие чинат над 99% од сите фирми, а во нив работат околу 70% од сите врабтени. Бугарските компании кои имаат искуство со користење на овие пари се подготвени да се поврзат со домашните и да им помогнат полесно да ги исполнат условите.

Најголем дел европските фондови одат за руралните средини. Целта е фирмите од селските средини да имаат слични услови како тие во градовите, а ова не проблем само во земјава туки и во ЕУ.

За европските пари макеоднските компании можат да аплицираат преку националните програми во земјава, но статистот на земја кандидат дава право на фирмите за пари да аплицираат и директно во Брисел.