Милевски: Ограничување на бројот на вработени во општинските администрации врз основа на бројот на жители
Министерот за локална самоуправа Горан Милевски денеска на регионалниот форум „Општините и граѓаните заедно кон подобар буџет“, заклучи дека треба да се ограничи бројот на вработени во општинските администрации врз основа на бројот на жители.
Одговарајќи на новинарско прашање околу податокот што беше објавен вчера, дека на секои 36 часа се вработува по едно лице во органите на локалната самоуправа, Милевски нагласи дека мора да се најде една средина, односно, како што е и барањето на ЗЕЛС, секој градоначалник да има свој кабинет што ќе има вработени кои ќе бидат со мандат додека трае мандатот на градоначалникот.
– На тој начин ние нема да ја зголемуваме јавната администрација затоа што секој градоначалник ќе си доаѓа со свој тим, ќе ги имплементира проекетите и ќе си замине, така што нема постојано да ја дуеме таа јавна администрација, бидејќи еден ден ќе пукне како балон. Тоа не е случај само со општинската администрација, треба да се најде модул и за јавните претпријатија. Тие не треба да ги трошат парите само за плата, социјалниот мир да се средува, туку парите треба да ги инвестираат во нова комунална инфраструктура. Кога ќе се види колку илјадници луѓе има во јавната администрација треба да се процени дали е неопходно толку многу вработени да има во овие претпријатија, рече министерот.
Ново на Сител
-
Гласаат затворениците во Штип
-
Управен ја запре постапката за вработување на 130 кандидати за идни судии и јавни обвинители
-
ДСЗИ констатира незаконско работење на Токсикологија – лица без договор за работа давале здравствени услуги
-
Супервештачење за случајот Веапоска која остана без три органи
-
Ученикот кој претепа наставничка ќе биде префрлен во друго училиште
-
Просечната плата помала за 5 евра, трошоците зголемени за 20 евра - синдикалната кошничка надмина 1.000 евра
-
Протест во прилепскиот затвор
-
Преглед на вестите од светот