Фудбал
5. August 2021 - 19:09

Милевски официјално ја презема најдобрата фудбалска репрезентација на Македонија со договор до 2024 година

 
И официјално денеска, Благоја Милевски е промовиран за нов селектор на најдобрата фудбалска репрезентација на Македонија. 
 
 
Милевски кој досега беше ги предводеше младите репрезентативци до 21 година, денеска и официјално е промовиран во нов селектор на сениорската репрезентација, како наследник на Игор Ангеловски, а популарниот „сер Боби“ има дфоговор со ФФМ до 2024 година
 
 
Главна цел за Милевски ќе биде да се продолжи добрите резултати во Мундијалските квалификации, а прв предизвик ќе биде дуелот против Ерменија, во скопје закажан за 2 септември.