Македонија
12. November 2018 - 23:24

Милчо Манчевски снима филм во Скопје

Снимањето на најновиот филм „Врба“ на режисерот Милчо Манчевски се сели во Скопје, откако претходно се снимаше на неколку локациии во околината на Прилеп.

По 9 години, ова е прв филм кој Манчевски го снима во Македонија. Вели дека „Врба“ е филм во кој се испреплетуваат три приказни за љубовта и довербата, а премиерата се очекува до крајот на 2019та.