Фудбал
18. February 2020 - 8:34

Милан му го нанесе на Торино петтиот последователен пораз

Милан го победи Торино со 1:0 синоќа во дуел од 24. коло од шампионатот на Италија. Единствениот гол во 25. минута го постигна Анте Ребиќ.

Милан со новите три бода стигна до 35 и се искачи на осмото место на табелата.

Торино по петтиот пораз по ред, остана на 27 бода на 14. позиција.