Фудбал
23. August 2017 - 12:42

Милан без официјален тренинг против Шкендија

Според информациите од канцеларијата на ФК Шкендија  екипата на Милан која со голема предност од 6-0 ќе допатува на реваншот во Скопје од Лига Европа нема да го одржи официјалниот тренинг на Филип Втори. 

Гостите од Италија се очекува да пристигнат во Скопје во 18.45ч  а имаат најавено прес конференција во 19.15 во хотел Мериот каде и ќе бидат сместени. 
Шкендија ќе одржи прес конференција во 20.15 на Филип Втори и ќе тренира од 20.45ч. 
Натпреварот се игра во истиот термин во четврток.