Свет
16. February 2016 - 18:31

Микал-Лајтнер: Австрија ќе воведе контрола на 12 гранични премини

Австрија планира да воведе контрола на уште 12 гранични премини за да се справи со бранот мигранти, изјави министерката за внатрешни работи Јохана Микал-Лајтнер. 

Таа наведе дека станува збор за границата со Унгарија, со Словенија и со Италија.

Граничните контроли ќе вклучуваат проверки на луѓе, автомобили и возови.