Македонија
23. November 2018 - 14:43

Мијалков бара јавна седница во скопска Апелација за притворот

Екс дирекорот на УБК, Сашо Мијалков во жалбата до скопските апелациони судии побарал јавна седница на која ќе биде присутен и притворениот, дознава „Макфакс“.

Мијалков приговара на фактот што решението за притвор е донесено само врз основа на доставениот предлог од надлежното обвинителство, како и од извршениот увид во списите на кривичниот предмет, без да се сослушаат неговите аргументи и аргументите на адвокатите.

Адвокатите на Мијалков во жалбата до судот прашуваат дали Управата за финансиско разузнавање е надлежен орган кој, го спроведува извршувањето на мерките на претпазливост, и дека имотната состојба на обвиниетиот и претходно ѝ биле познати на обвинителството. Мијалков во жалбата до судот прашува кои се физичките и правните лица кои се поврзани со неговите фирми, каква е нивната сопственичка структура и каков е нивниот корпоративен историјат.

Во жалбата е наведено прашањето на кој начин судот утврдил дека фирмите кои располагаат со големи приходи и парични износи на нивните сметки, иако не се на име на обвинетиот, се на име на некои други физички и прави лица.

Судот, напишале адвокатите, и претходно знаел за постоењето на останатите обвиненија и постапки за Мијалков, но тие тогаш не претставувале доволна основа за да не продолжат да опстојуваат изречените мерки на претпазливост.