Фудбал
25. May 2016 - 15:10

Mихајловиќ на клупата на Торино

Српскиот стратег Синиша Михајловиќ е именуван за нов тренер на калчолигашот Торино, објави клубот на својата интернет страница. Михајловиќ на клупата го наследи Џампјеро Вентура кој по ЕУРО 2016 најверојатно ќе биде назначен за селекторт на италијанската репрезентација.
 
Синиша Михајловиќ тренерската кариера ја започна како асистент на Роберто Манчини, а потоа во Серија А предводеше пет екипи: Болоња, Катанија, Фиорентина, Сампродија и Милан.
 
Минатото лето тој пристигна во Милан, клубот вложи околу 100 милиони евра во засилувања, но не успеа да ја оствари целта, односно да се пласира во Лигата на шампионите, поради што на 12. април доби отказ.
 
Торино сезоната ја заврши на 12-та позиција со 12 победи, девет нерешени и 17 порази.