Бизарно но вистинито
23. January 2017 - 21:56

Мигранти силувале девојка во Шведска, чинот во живо го пренесувале на „Фејсбук“

Тројца мажи биле уапсени поради сомнение дека силувале девојка во шведскиот град Упсала и овој грозен чин го пренесувале на Фејсбук.

Според пишувањето на шведскиот портал “Aftonbladet.se”, силувањето се случило во еден апартман во Упсала во раните утрински часови во недела, а девојката не била целосно свесна.

Силувањето во живо било пренесувано на една затворена група на Фејсбук, која има околу 60.000 членови, а полицијата за оваа снимка ја известила Џозефин Ландгрен, која ја видела снимката.

“Двајца мажи ја туркаа девојката на кревет. Прво помислив дека е некоја невкусна шега. Но, не беше шега во прашање”, рекла таа. “Еден од нив ѝ ја соблече облеката, а потоа легна на неа”, додала Џозефин Ландгрен.

Друг сведок изјавил дека еден од силувачите ја терал девојката да каже дека не е силувана.

“Беше екстремно суров. Се смееше за време на снимањето”, рекол сведокот.

Кога полицијата пристигнала на местото на настанот снимката уште се емитувала, а Маркус Свенсон од полицијата потврдил дека има посед од копија на снимката со силувањето и додал дека има многу сведоци.

“Многу луѓе го виделе емитувањето”, рекол Свенсон за шведската државна телевизија, а потоа додал дека жртвата била хоспитализирана и одведена на безбедно место. Полицијата спроведува истрага за целиот настан, а некои медиуми дури и пишуваат дека силувачите се бегалци кои дошле во Шведска.

На една фотографија која ја објавил “Expressen.se”, се гледаат девојка и маж кои во рака држат пиштол, а нивните лица се замаглени. Исто така биле објавени и фотографии на кои се гледа силувањето, но и тие се замаглени. Постои и фотографија на која се гледа моментот кога во апартманот влегува полиција. Снимките се отстранети од социјалната мрежа.