Македонија
26. February 2017 - 13:45

Мигранти откриени кај Богородица, возачот побегнал

Вчера во 07,20 часот од страна на полициски службеници од ПС за ГН и ГП-Богородица, на автопатот Гевгелија–Скопје во близина на м.в.„Авлак“ било забележано патничко моторно возило „Крајслер“ со велешки регистарски ознаки, со повеќе лица, кое со голема брзина се упатило во правец на Скопје.
 
Од страна на полициските службеници во близина на с.Удово (м.в.„Блок 400“), било сопрелно возилото и возачот се дал во бегство.
 
При преглед на возилото утврдено е дека регистарските ознаки се од товарно моторно возило „Хундаи Н-100“, кои на 31.01.2017 година биле пријавени за украдени.
 
Во возилото биле затекнати 15 лица-мигранти од кои седум лица (и едно дете) од Ирак, пет лица (и едно дете) од Сирија и едно лице од Пакистан.
 
Во 11,15 часот лицата се приведени во полициската станица на Граничниот премин Богородица.
 
Со истите обавен е разговор од страна на полициски службеници при Регионалниот Центар за Гранични Работи-Југ деташирани во Гевгелија.