Мицотакис утре ќе го соопшти владиниот план за туризмот
Грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис, утре попладне ќе го соопшти владиниот план за туризмот и економијата, а веднаш потоа, надлежните министри ќе ги објаснат деталите.
Портпаролот на грчката Влада Стелиос Пецас, на вчерашниот редовен брифинг со новинарите истакна дека подготвуваат кохерентен план за рестартирање на туризмот, во кој ќе бидат вклучени сите аспекти и здравствените и во однос на патувањето, но и економските, рече дека постојат разговори за билатералните договори со други земји и уште еднаш повтори дека летово нема да биде како ланското и не треба да се прави споредба.
Туризмот ќе биде една од главните теми на денешната квадрилатерална средба, преку видеоконференција, на премиерите на Грција, Бугарија, Романија и претседателот на Србија, на која ќе присуствуваат и министрите за надворешни работи и за здравство на четирите земји.
Додека пак, два часа порано ќе се одржи и министерска видеоконференција, на иницијатива на шефовите на македонската и грчката дипломатија за координација и унапредување на соработката на Министерствата за надворешни работи од земјите од Западен Балкан и земјите од ЕУ од регионот, а ќе стане збор за тековната и идна соработка во врска со можните начини за регулирање на прекуграничните патувања, транспортот и туризмот, исполнувајќи ги потребните медицински критериуми, како и за заемната поддршка на економиите на земјите.
Ново на Сител
-
Дачиќ за Бујар Османи: Интересно е дека Пендаровски не бил информиран за резолуцијата за Сребреница
-
Столтенберг: НАТО работи на испраќање повеќе ПВО системи во Украина
-
Бислими: Српската страна не нуди идеи за решавање на проблемот на употребата на динарот на Косово
-
Курти: Неизрекувањето санкции ја охрабрува агресивноста на Србија
-
Министерот Тошковски во посета на ОВР Кичево и полициските одделенија Зајас и Осломеј
-
Украден сеф со пари од менувачница во Чаир
-
Две жени пријавиле семејно насилство, едната од сегашниот другата од поранешниот сопруг
-
МЗ: Позитивен став кон приватните специјализанти, но решение после изборите