Македонија
6. September 2018 - 19:11

Мицотакис: Договорот од Преспа е политички и дипломатски пораз за Ципрас и Коѕијас

Договорот од Преспа е лош за Грција, а оние кои не се согласуваат со него не може да се нарекуваат радикални десничари и националисти. Лидерот на грчката опозиција на средбата со научните организации и бизнис секторот во Солун порача дека покрај проблемите во економијата, официјална Атина има реален проблем и со националните политики

За жал договорот што го потпишаа господата Ципрас, Коѕијас и Каменос е лош договор за земјата. Тоа е договор што ги навредува сите Грци, не само Македонците, бидејќи ги задоволува цврстите стремежи на скопската страна, кои не се други од отстапување на македонскиот јазик и македонската националност, односно во суштина, отстапување на македонскиот идентитет на нашите соседи. И ова, знаете, не е само дипломатски, политички пораз на господата Ципрас и Коѕијас, кои дејствуваа тајно и во отсуство на националната линија, во отсуство на народот, во отсуство на партиите. Скопското прашање, само по себе е огромен независен економски удар за бизнисите и производите од Северна Грција, рече Мицотакис.

Ставот на Мицотакис доаѓа на два дена пред закажаниот голем солунски меѓународен саем во сабота на кој традиционално ќе се обрати премиерот Ципрас.

Неговото обраќање ќе биде проследено со голем протест против Договорот од Преспа за кој во Солун ќе пристигнат демонстранти од цела Грција, за што веќе се организираат и автобуси. Според грчките медиуми, протестот ќе го обезбедуваат над 3.500 грчки полицјаци од повеќе градови.