-->
-->
Мицотакис: Александар Велики беше Грк и нема дискусија за ова прашање
-->
Немаме што да споделиме од културното наследство на Александар Велики, вели лидерот на грчката опозициска партија Нова демократија, одговарајќи на овој начин на изјавата на шефот на македонската дипломатија Никола Димитров дека во 21 век, две европски држави што го споделуваат географскиот регион Македонија, треба да најдат начин за споделување и на културни наследства.
-Немаме што да споделиме од културното наследство на Александар Велики. Бидејќи ја прочитав изјавата на Димитров дека треба да го споделуваме културниот идентитет, немаме ништо да споделиме. Александар Велики беше Грк. Нема сомнеж за тоа и нема да влеземе во дискусија или преговори за ова прашање. Тоа е основен дел од националниот идентитет. Не постои компромис за ова прашање, рече Кирјакос Мицотакис, а како пример спомена прашање во квиз во британско шоу.
На прашањето „Која националност бил Александар Велики?“, одговорот, дека бил Грк, бил земен како погрешен, затоа што точниот одговор бил: Македонец.
- Овие прашања предизвикуваат емоционални реакции, коментираше Мицотакис.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Неврохирург со амбиција за промени во општеството | Венко Филипче | Неформално | Sitel Podcast 028
-
Вработена во битолско средно училиште нападната од колешка
-
Поради одржување предизборни митинзи в сабота и недела изменет режим на сообраќај во Скопје
-
Во општините Дебар и Центар Жупа повеќе гласачи од жители
-
Тепачка помеѓу две колешки во средно училиште во Битола
-
Вчера пријавени два различни случаи на физичко насилство на Бит Пазар
-
Приведени сопружници од Скопје
-
Во Прилепско во тек се теренски акции за имунизација