-->
-->
Мицковски - Пејџ: ВМРО-ДПМНЕ останува на ставот за Договорот со Грција
-->
Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски, заедно со делегација од партијата вчера имаше средба со Ендру Пејџ, директор на Директоратот за Западен Балкан и Турција во Министерството за надворешни работи на Велика Британија, соопшти партиската прес-служба.
На средбата се нагласени добрите билатерални односи помеѓу Велика Британија и Република Македонија, како и потребата од нивно натамошно продлабочување.
- Во врска со актуелната политичка состојба во Македонија, Мицкоски го информираше Пејџ за бројните злоупотреби на власта. Мицкоски исто така го информираше соговорникот дека ставот на ВМРО-ДПМНЕ за Договорот со Грција останува цврст и принципиелен и дека Партијата не може ја поддржи содржината на истиот, се наведува во соопштението.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Неврохирург со амбиција за промени во општеството | Венко Филипче | Неформално | Sitel Podcast 028
-
Вработена во битолско средно училиште нападната од колешка
-
Поради одржување предизборни митинзи в сабота и недела изменет режим на сообраќај во Скопје
-
Во општините Дебар и Центар Жупа повеќе гласачи од жители
-
Тепачка помеѓу две колешки во средно училиште во Битола
-
Вчера пријавени два различни случаи на физичко насилство на Бит Пазар
-
Приведени сопружници од Скопје
-
Во Прилепско во тек се теренски акции за имунизација