Македонија
30. September 2018 - 20:50

Мицковски: Народот кажа „стоп“ за Договорот

 Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицковски вечерва од штабот на партијата изјави дека граѓаните кои гласале „против“ на референдумот и оние кои не излегле на гласање ја испратиле најгласната порака дека „Ова е Македонија“.

На прес-конференцијата, Мицковски оцени дека Македонија се изјаснила против Договорот со Грција.

- Овде живеат Македонци, нашиот идентитет е македонски, нашиот јазик е македонски, нашите предци биле Македонци“, рече Мицкоски, додавајќи дека референдумот е пораз не само на Договорот, туку и на, како што кажа, криминалното владеење на власта.

Запрашан дали ќе прифати предвремени парламентарни избори Мицковски кажа дека Заев не треба да бара предвремни парламентарни избори туку подобро му е да се подготвува за политичка пензија