Македонија
17. February 2021 - 18:26

Мицкоски: Заев сака да го избрише името Република Македонија од личните карти, за нас тоа е недозволиво

ВМРО-ДПМНЕ поддржува етничката припадност да стои во личните карти, а не поддржува името Република Македонија да биде променето со новата придавка, изјави денеска лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски во интервју за Македонското радио.

– Македонскиот народ цел живот бил предмет на асимилирање, на негирање, на понижување, на терор од страна на многу освојувачи, но сето тоа го преживеал и денес кога човек кој што е дел од македонскиот народ со сите понижувања, со сите бришења, со сите негации кои што им ги нанесе на македонскиот народ, сака целосно да го избрише, ние тоа не смееме да го дозволиме и мора да се бориме до последно во личните карти да стои нашата нација, македонската нација дека ние сме македонци. Тоа е она кое што ВМРО-ДПМНЕ го поддржува. А што не поддржува? Не поддржува промена на името Република Македонија со името со новата придавка која што на насилен начин Зоран Заев го донесе. И на крајот на денот на тој насилен начин како што го донесе има рок од пет години за истото тоа се применува во документите кои што се за наша лична идентификација и патни исправи, рече Мицкоски.

Погледнете ги сите документи што се издадени по новите принципи, додаде лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, погледнете ги изводите од матичната книга на родените – има две коси црти и на крај пишува дека сме граѓани на државата со новата придавка.

-Ете тоа е таа нова нација која што сакаат Зоран Заев и СДСМ да ја спроведат во Македонија и за жал наоѓаат странични поддржувачи во опозицијата кои што нормално треба да го одработат сето она кое што им било обезбедено пред изборите, сета логистика и сите ресурси за да нанесат штета на ВМРО-ДПМНЕ, смета Мицкоски.

Според него, „коалицијата помеѓу СДСМ и БЕСА е на стаклени нозе, а како една од причините е непочитување на правен договор помеѓу лидерите на коалициските партнери на СДСМ и БЕСА, како и дека по добивање на укор од странски дипломат Зоран Заев го повлекол договореното#.

Мицкоски  нагласи дека ВМРО-ДПМНЕ започнала со институционална постапка за поништување на законот за попис, но од страна на спикерот на Собранието не била прифатена, додавајќи дека следните чекори ќе започнат веќе овој викенд.

-ВМРО-ДПМНЕ отпочна институционална собраниска процедура за поднесува на закон за поништување на законот за попис. За жал истата не беше прифатена од страна на спикерот на парламентот. Во деновите кои што следат, партијата ќе излезе со прес конференција со која што ќе ги соопшти следните чекори, а следните чекори ќе започнат веќе овој викенд и ќе траат во периодот кој што следи и сето тоа на крај ќе финишира повторно со поднесување на законска иницијатива во рамките на Парламентот за поништување на законот за попис, истакна Мицкоски.

 

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ