Македонија
31. October 2018 - 10:01

Мицкоски: Заев, Пандорината кутија се отвора, не се шири

Претседателот на ВМРО ДПМНЕ Христијан Мицкоски, на својот Твитер профил, одговори на метафората со Пандорината кутија кажана од премиерот Зоран Заев, кога премиерот се обиде да одговори на амандманите предложени од Алијансата на Албанците и Беса.

Кога Заев веќе се служи со термини произлезени од артефакти врзани за грчката митологија треба да знае дека Пандорината кутија не се шири, туку се отвора. Едноставно е. Исто како што има разлика помеѓу селективна и апсолутна правда, или пак помеѓу уценети и неуценети.

Заев претходно изјави:

-Нема да дозволиме ширење на Пандорина кутија и никој нема право да го условува влезот на Македонија во НАТО и Европската унија – рече Заев за пакетот уставни амандмани доставени од БЕСА на Касами преку кои бараат повеќе права за етничките албанци, но и амандман за прецизирање на Охридскиот рамковен договор во преамбулата на Уставот.