Македонија
23. October 2021 - 19:49

Мицкоски за спорот со Бугарија: Ние нема како Заев да им ветуваме се и сешто, од нас може да имаат само искрен пријател и сосед со кој ќе работат на нова иднина за регионот

Сосема на кратко дозволете да се осврнам на прашањето со Бугарија. Потребно е да се издигнеме над облаците на измамите и пазарењата кои ни ги носи Владата со нашите соседи. И во тој контекст немаме право да се лутиме против Бугарија, бидејќи природно е тие да ги штитат своите интереси, она што навистина боли е што нашата Македонија ја водат луѓе кои се подготвени да прифатат се, да се пазарат со се. Не е во прашање на недостиг на разбирање од двете страни, туку недостиг на мудрост од македонската влада, истакна Христијан Мицкоски, претседател на ВМРО-ДПМНЕ вечерва од Охрид.

Претседателот Мицкоски додаде дека ВМРО-ДПМНЕ ќе имаме искрен однос на почит и пријателство и секогаш пријателски пружена рака кон соседите, но со целосно право да ги заштитиме интересите важни за Македонија.

 Таквите притисоци кон членови на историската комисија и тоа од македонскиот државен врв водат кон кавга и лоши односи. Премиерот кога ги произведува тие ветувања кон Софија не се води од потребата за заштита на државните интереси, туку од потребата да си ја обезбеди фотелјата ден повеќе. Токму затоа се служи со измами кон соседите, но најважно таквите измами се кон сопствениот народ. Тој е еден човек кој е извор на стотина проблеми. Во тој контекст ќе го потсетам на резолуцијата на ВМРО која ова лето и тој ја прифати во македонското собрание. Таквите црвени линии го обврзуваат и неговото однесување кон овој спор кој пред 5 години воопшто не постоеше. Треба да знае дека од наша страна како ВМРО-ДПМНЕ секогаш ќе најде поткрепа на тоа што преставуваат наши позиции за заштита на државните и национални интереси, но исто така е поважно да се заменат измамите со единство на кое повикувам, при што воедно треба да се приклучи и претседателот на државата кој не е доволно да стои настрана и да се исклучува од овие проблеми. Ние како ВМРО-ДПМНЕ ќе имаме искрен однос на почит и пријателство и секогаш пријателски пружена рака кон соседите, но со целосно право да ги заштитиме интересите важни за Македонија. Тоа го кажувам јасно и отворено, наместо притисоци зад камерите а насмеани при изјавите пред камерите како што тоа го прави Заев, јас кажувам отворен став за соработка и почитување, но и одбрана на она во што веруваме, а тоа е реципроцитет, како тие нам, така ние ним, потенцираше тој.

Мицкоски порача дека односите со соседите ќе се базираат на меѓусебна почит и толеранција, а не како што тоа го прави Зоран Заев кој се служи со измами и трикови ветувајќи им се и сешто.

Ние односите со соседите ќе ги базираме на вредности на меѓусебна почит, толеранција и ќе ги надградуваме низ полињата на взаемен интерес на народите, и во нас секогаш треба да гледаат искрен пријател. Ние нема како Заев да пробуваме да ги вовлекуваме во некои непринципиелни односи, и да се служиме со измами и трикови притоа ветувајќи им се и сешто. Од нас може да имаат само искрен пријател и сосед со кој ќе работат на светла заедничка нова иднина за регионот, дециден е Мицкоски.

 

Христијан Мицкоски, претседател на ВМРО-ДПМНЕ

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ