Мицкоски: Во март значаен раст на индустриското производство од 3 проценти, двоцифрен кај трговијата на мало

Конечно во март имаме значаен раст на индустриското производство споредено со март минатата година од 3 проценти, а трговијата на мало расте со двоцифрен број проценти, изјави денеска премиерот Христија Мицкоски, истакнувајќи дека Владата ќе продолжи да работи на зголемување на куповната моќ на граѓаните.
На новинарско прашање, Мицкоски посочи дека за жал, останува се уште проблемот во секторот рударство, каде има помала активност во првиот квартал изразувајќи надеж дека ќе се преземат активности за пдобрување на состојбите.
- Се надевам дека за два-три проблематични правни лица ќе најдеме начин како и ние како држава да помогнеме, но и тие самите да си помогнат и на тој начин да го вратиме рударството на оние патеки на кои што треба да припаѓа, рече Мицкоски.
Будно ја следиме со состојбата, дополни премиерот, и со сите нови проекти во индустријата, со сите нови производни капацитети, охрабрен сум што преработувачката индустрија расте. - Тоа е нешто кое сите треба да не охрабрува, изјави Мицкоски, на новинарско прашање по присуството на панихидата во црквата „Св. Спас“ во Скопје по повод 123 години од смртта на Гоце Делчев.
МИА
Ново на Сител
-

Мицкоски - нашите одлуки ја одредуваат нашата иднина
-

Кривични пријави за насилството го преполнија полицискиот билтен
-

Почнува судењето за апелацискиот судија кој во ѕид сокри 350 илјади евра
-

ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ си разменија обвинувања – кој е патриот, а кој предавник
-

„Гајдата на Пеце“ за Дејан Лазаров од кочанско Оризари, Гран при наградата за ансамблот „Седенка“ од Скопје
-

Молитва на македонски јазик пред вечното почивалиште на Свети Кирил во Рим
-

Филипче: Оставката на Земон е одличен морален чин, СДСМ работи исклучиво за македонските интереси
-

30 дена притвор за возачот на камионот по трагедијата на скопската обиколница
