Македонија
14. March 2021 - 9:22

Мицкоски: Владата запленила путер со изминат рок, а молчи за 5 шлепери шверц на тутун преку Крива Паланка

По објавата на вицепремиерот за борба против корупција Љупчо Николовски, дека АХВ запленила путер со поминат рок реагираше и Христијан Мицкоски кој на фејсбук напиша дека Владата молчи за 5 шлепери шверц на тутун преку Крива Паланка.

„Конечно жестока борба против корупцијата, Љупчо Николовски се пофали со голем успех. Владата запленила путер со изминат рок, а молчи за 5 шлепери шверц на тутун преку Крива Паланка.
Во колку е аплаузот Љупче? Криминалци едни…“ напиша Мицкоски.

Конечно жестока борба против корупцијата, Љупчо Николовски се пофали со голем успех. Владата запленила путер со изминат...

Posted by Hristijan Mickoski on Saturday, March 13, 2021