Македонија
24. March 2020 - 19:30

Мицкоски: Владата нека го примени она што го предлагаме, медицинскиот персонал голораки се борат против корона

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски денес во своето гостување во централниот дневник на МТВ истакна дека власта треба да го применува онашто го предложува ВМРО-ДПМНЕ, затоа што е во насока на грижа за здравјето на граѓаните, како и тоа дека треба да се заштитат и поддржат луѓето коишто во прва линија се борат голораки против пандемијата, заради недостиг на медицинска опрема.

Мицкоски додаде дека ВМРО-ДПМНЕ како партија може да нуди проекти, идеи, предлози за тоа како треба да се справува со кризата и да го понуди сиот ресурс којшто го има на располагање.

„Ние не можеме со сила на некому да ми дадеме, ако тој не сака наша поддршка и помош. Дел од тие мерки на прва не ги прифаќаат поради суетата, па чекаат да поминат неколку дена па потоа дел од мерките ги прифаќаат модифицирано, за да не се каже дека тоа ВМРО-ДПМНЕ го предложило. Само нека го применат она што го предложуваме, сите политички ловорики нека бидат за нив, сета слава нека биде за нив, сето она коешто мислат дека е добро да се примени, за да се заштити здравјето на граѓаните, затоа што почнаа луѓето да ни умираат“, вели Мицкоски.