Македонија
10. November 2019 - 16:43

Мицкоски: Владата излажа за ветувањата за енергетика - СДСМ: Мицкоски лажеше додека директоруваше и советуваше

СДСМ успеа да реализира само два проценти од  енергетските проекти кој им ги  презентираше на граѓаните пред да дојде на власт , обвини лидерот на опозицијата Мицковски.  Посочи дека владеачката партија  иако  ветуваше не успеа  го донесе гасот до секое домаќинство,  да го зголеми домашното производстсво на струја , особено од обновливи  извори,  да воведе еколошки стандарди  во термоцентралите. Не успеа ниту  да го реалзира проектот Чебрен и Галиште на Црна река.

На обвинувањата од опозицијата реагираа и од СДСМ. Велат дека токму Мицкоски бил тој кој во времето на неговото директување и советување ги лажел граѓаните.

Мицкоски не кажува и дека тој лично како советник на Груевски и член на НО и УО на ЕЛЕМ учествуваше во зголемувањето на цената на електричната енергија за 100 %  на граѓаните и дека тој лично наложи да се укине евтината тарифа за електричната енергија, заради свои лични бизнис интереси и профит.

Денес, непрекинато, Охридско-Струшкиот, Дебарскиот и Реканскиот  регион имаат струја за Нова година и Божиќ,  за разлика од времето на Мицкоски и Груевски.  

Додека Мицкоски директоруваше и го советуваше Груевски, си градеше хидроцентрали за сметка на електричната енергија која ја плаќаат граѓаните.

Ова е само дел од криминалните дела и лаги на Мицкоски кој на грбот на граѓаните безмилосно заработуваше, се вели во рекацијата од партијата.