Мицкоски: Со Владата на Заев се задолжуваме, но економијата паѓа
Ако ги споредиме годините на минатата Влада на ВМРО-ДПМНЕ со овие на СДСМ, заклучокот е дека со Владата на Заев се задолжуваме, но економијата паѓа, поточно разликата помеѓу растот на БДП и растот на јавниот долг во време на ВМРО-ДПМНЕ е 1,292 милијарди €, а во периодот на владата предводена од СДСМ, разликата помеѓу растот на БДП и растот на јавниот долг е -968 милиони €.
Еве подетално:
Зоран Заев на 7 април 2018 година, во интервју за МИА, ќе изјави: “ лекција од економија Мицкоски може да добие кога сака…”. Нешто повеќе од 3 години поминаа од тогаш, ова се резултатите од лекцијата:
Влада предводена од ВМРО-ДПМНЕ, период 1 јануари 2007 – 31 декември 2016 година
⁃ раст на бруто домашен производ: 4,185 милијарди €;
⁃ раст на јавен долг: 2,893 милијарди €;
⁃ просечен годишен раст на бруто домашен производ: 3%.
Влада предводена од СДСМ, период 1 јануари 2018 – 31 декември 2020 година
⁃ раст на бруто домашен производ: 0,728 милијарди €;
⁃ раст на јавен долг: 1,696 милијарди €;
⁃ просечен годишен раст на бруто домашен производ: 0,53%.
Заклучок: Во периодот од владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ, разликата помеѓу растот на БДП и растот на јавниот долг е 1,292 милијарди €, а во периодот на владата предводена од СДСМ, разликата помеѓу растот на БДП и растот на јавниот долг е -968 милиони €. Во периодот од 1 јануари 2007 – 31 декември 2016 имаме додадена вредност, а во периодот 1 јануари 2018 – 31 декември 2020 имаме одземена вредност. Во периодот од 1 јануари 2007 – 31 декември 2016 се задолжуваме но економијата расте, а во периодот 1 јануари 2018 – 31 декември 2020 се задолжуваме но економијата паѓа.
Ако некој имал дилема каде завршуваат парите кои ги позајмува владата предводена од Зоран Заев пред, за време на избори, но и после избори одговорот е во три збора: криминал, корупција и поткуп.
П.С: слабо со лекцијата за економија, држете се до лекцијата евро за евро, тука сте најсилен, но за кратко…, а потоа следи одговорност!
Ново на Сител
-
Пожар зафати куќа во неготинско Долни Дисан
-
Врховен задутре ќе одржи јавна седница по жалбата на таткото на Вања против мерката притвор
-
Минималната синдикална кошница за април 60.212 денари, зголемена за 1.214 денари во однос на март
-
Цената на лебот засега е стабилна и нема да се менува, велат од Агро-бизнис комората при ССК
-
МВР, ЈО и АНБ комплетно подготвени за претстојните претседателски избори
-
Инаугурацијата на Путин ќе се одржи на 7 мај
-
Шојгу: Русија ќе ги интензивира нападите врз складишта со западно оружје во Украина
-
Просечната плата во февруари изнесува 39.276 денари