Македонија
18. November 2018 - 14:58

Мицкоски: Со новата програма на ВМРО-ДПМНЕ ќе донесеме вистински решенија и одговори на сите реални проблеми на граѓаните

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, вчера се обрати пред голем број граѓани на трибина во Гостивар. Својот говор го подели во два дела.

-Првиот дел ќе биде за ова политичко мочуриште кое што го споменавме пред малку во овој краток филм кои што се емитуваше позади мене и вториот дел оној посветен за младите бидејќи денеска имавме еден состанок на таа тема во организација на УМС на ВМРО-ДПМНЕ каде што разговаравме за иднината, но исто така се обидов пред нив да го преставам оној дел од мојот живот, студентскиот но и она што следеше потоа, професорскиот дел, се разбира и сите оние животни предизвици кои што јас ги имав додека бидам избран за претседател на ВМРО-ДПМНЕ. Но и сите оние светогледи и погледи коишто од овој момент ги гледам и ги размислувам како претседател на ВМРО-ДПМНЕ за млади кои што преставуваат еден од моите најголеми приоритети, бидејќи не само како претседател на ВМРО-ДПМНЕ, туку и како универзитетски професор кој на дневна основа комуницирам и се обидувам да делувам не само како професор, туку и како педагог, родител, но и постар брат во дадени моменти со нив.Но во првиот дел некако неминовно е да го споменеме ова политичко мочуриште што и се случува на нашата земја. Овде сум пред вас, во предвечерието кога пред точно 74 години Мавровско – дебарската чета го ослободи Гостивар и веќе 74 години Гостивар слободно живее, заедно со Гостивар и останатите градови во Република Македонија. Но за жал после 74 години нас ни се случува целосно уништување на општествениот морал во Република Македонија. Еден целосен без излез, апатија, разочарување кое што владее во граѓаните на Република Македонија. Без разлика на нивната нација, без разлика на нивната вера, луѓето некако како да ја изгубија целокупната надеж дека може подобро, дека треба подобро и дека ние заслужуваме подобро, а се разбира сето тоа е последица на сите оние погрешни политики кои што оваа ненародна и криминална влада на СДСМ предводена од аболираниот политичар Зоран Заев ги води овие повеќе од една ипол година во Република Македонија. А, зошто тоа се случува?! Тоа се случува најпрвин затоа што тргуваат со најсветата работа која што ја симболизира државноста која што преставува извод од матичната книга на родените за една држава, а тоа е Уставот. Тргуваат со Уставот само со една цел, да ги спасат, времено да ги поддржат нивните политички кариери, а притоа не се свесни дека многу брзо доаѓа крајот на нивното политичко битисување овдека во Република Македонија. А, после крајот доаѓа и казната, а казната ќе дојде за сето она што и го направија на Република Македонија, за сето она понижување, за сето она засрамување за сето она пљачкосување и навредување што и го направија додека беа власт во Република Македонија. И за сето тоа ќе одговараат, ама нема да одговараат пред Кацарска судството, туку пред ново реформирано судство кое што ќе почитува европски закони и тие европски закони ќе им ја досудат вистинската казна која што ја заслужуваат за она кое што сега и го прават на Република Македонија, истакна синоќа Мицкоски.

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ на гостиварци им порача дека и покрај целокупниот политички терор и покрај сите закани и уцени кои му биле упатени, партијата станала пообединета.

-Ја користам оваа прилика овде пред вас гостиварци да им порачам дека и покрај целокупниот политички терор и покрај сите, закани и уцени кои што ми ги упатуваат мене и кои што ми ги упатуваа изминативе месеци на мене и моето семејство и покрај сите оние зло дела кои што ги правеа, ги прават, а гледам и дека имаат намера да продолжат да ги прават и врз нивната татковина, но и врз ВМРО-ДПМНЕ, дека и јас но и ВМРО-ДПМНЕ од ден на ден е се пообединето, посплотено но и помотивирано и на следните, дали тоа ќе бидат предвремени или редовни парламентарни избори жестоко ќе ве поразиме, а првата таква пречка ќе дојде сега многу скоро на пролет, за време на претседателските избори кога исто така ВМРО-ДПМНЕ ќе понуди кандидат кој што жестоко ќе го порази кандидатот на СДСМ на тие претседателски избори. Ова политичко мочуриште кое што ни го приредија е резултат на нивната забеганост. Најпрвин забеганоста беше кога беа опозиција без разлика дали овие елитисти од политичари кои што се рецитив на една транзиција која што гледаме дека се уште не е завршена во Република Македонија го изгубија тлото под нозете или сега кога се власт. Немаат реален допир со вистинските потреби на граѓаните не ја чувствуваат реалноста поради сопствената самобендисаност и затвореност. И како резултат на сето тоа излегоа пред граѓаните најпрвин малтретирајќи ги по улиците низ република Македонија неколку години пред да се случат предвремените избори во 2016, а потоа и за време на кампањата на тие предвремени парламентарни избори во декември месец 2016-та кога како резултат на овој без контакт со реалноста понудија Програма и ветувања коишто ги именуваа во тоа време како Живот. И се обврзаа за работи кои што не само што ни одблиску не можат да ги исполнат, туку се обврзаа на работи кои што не можат дури и да ги помислат мислејќи дека ќе ветиме ќе дојдеме на власт ќе не инсталираат, па потоа не ни е гајле ќе не држат додека требаме, а потоа повторно една нова лага ќе приготвиме и се така до недоглед. Па во име на тоа ги поткренаа очекувањата кај граѓаните ветувајќи 500-тини евра просечна плата, ветуваа 100-тина илјади денари просечна плата за докторите, ветуваа загарантиран откуп за земјоделците на нивните земјоделски производи, на нивниот труд на нивната мака, ветуваа општество за сите, ветуваа реформиран судски систем, ветуваа раст на БДП од 5%, ветуваа зголемување на директните странски инвестиции, но и заживување на домашните. Ветуваа дека ќе ги вратат сите оние кои што наводно иселени од Македонија поради разочараноста од претходните влади и што ли уште не, ветуваа нови болници, градинки, училишта, автопатишта, 500-тини километри автопат, а што реализираа?!?! Едно празно НУЛА. И не само што не реализираа, туку денеска ги гледам на прес конференција во Владата повторно ги поткреваат очекувањата кај луѓето со Буџетот за 2019 година. Овие 2 години се небитни, не е важно што направивме во 2017-та, не е важно што направивме во оваа 2018-та што полека изминува, е ќе видите сега во 2019 та ќе ни тргне, ама ако не ни тргне во 2019-та, во 2020-тата сигурно ќе ни тргне, рече Мицкоски.

Тој посочи дека не само што немаме 500-тини евра просечна плата, туку и таа плата што ја зима македонскиот работник е под знак прашање затоа што на сопственикот на компанијата во која што работи македонскиот работник толку лошо му иде што од ден на ден мака мачи со ликвидноста да обезбеди денар повеќе за да ги исплати тековните обврски, а камоли  пак да ја покачи платата на работникот.

-А, зошто е тоа така, затоа што оваа влада изминатите година и половина ги преспа. А, јас уште повеќе би рекол не кадарна не е способна да го испорача тоа кое со обврза пред граѓаните на Република Македонија. Па од ден на ден ќе слушнете некој аналитичар по телевизија ќе рече, Мицко не можел вака, Мицко не можел така, Мицко се сретнал со овој пред три дена да направи така, овој му пишал писмо на овој, оној не му одговорил и сл. и повторно ВМРО е проблемот. А не гледаат дека луѓето од први до први едвај преживуваат. Чемер и јад владее во Македонија, а ветуваа живот- пекол донесоа, а за сето ова народот ќе им ја испорача сметката на следните предвремени или редовни парламентарни избори. Ветуваа загарантиран откуп на земјоделски производи, па ќе шеташе ширум Македонија Зоран Заев па ќе ветеше загарантирана берза за јаболката во Ресен, а ги гледаме луѓето како го истураат својот труд на буниште. Ветуваа загарантиран откуп за лозопроизводителите за лозарите па видовме како грозјето завршуваше на буниште. И оние земјоделци во југоистокот на Македонија за нивните производи, за доматите, за краставиците, за зелките, за лубениците видовме дека сето тоа заврши на буниште како револт на сите погрешни политики што оваа ненародна и криминална влада предводена од СДСМ ги правеше изминатиот период. Ветуваа реформирано судство а притоа не прават слепи при очи и глуви при уши. Па наводно не сме гледале дека овој барал евро за црквата и евро за бате па ќе речат не бил виновен, доведен бил во заблуда, демек ние не сме слушале што правел овој, дека нашата меморија е кратка дека не гледаме тоа што гледаме. И за сметка на тоа ќе ни го донесат Кацарска судството. Ќе помине и тоа само не мотивирате се повеќе, само не мотивирате да работиме повеќе од тоа што сме работеле порано, а имаме капацитет да работиме и од ова повеќе. Колку повеќе ќе грешите толку повеќе ние ќе работиме да ве симнеме од тоа каде што се и да ве пратиме таму каде што заслужувате да бидете. Ќе ветат и ќе ветуваат 5% од БДП. Минатата година не бевме ни статистичка грешка со 0,2%. Ајде ќе речат не бевме цела 2017 овие Вмровциве биле криви лошо воделе претходните 6 месеци па ние кога дојдовме не знаевме од каде да се фатиме. Еве оваа година, каде се 5%? Исто така се сеќава истото ова време, истите луѓе истите актери во ова реално шоу излегуваа и ветуваа, не можеле 5 ама 3,2% сигурно ќе оствареле. Па потоа следеа во текот на годината интервјуа на премиерот на вицепремиерот задолжен за економски прашања, на министерот за финансии и ги прашуваа новинарите, луѓе првиот квартал ви е 0, слаб вие дали ќе направите нешто. Да сигурно ќе направиме, 100% ќе направиме. И така некаде до оваа есен кога дојде на ред ребаланс на Буџетот, па самите викаат нема 3,2% ама 2,8% тука веќе нема да направиме утка, иако повторно сите релевантни институции вклучително и Народната Банка им викаат 2-2,3% ако направите треба да сте среќни, не они повторно тврдоглави, самобендисани, отсутни од реалноста ќе направиме, ќе видите. А јас ќе им речам и 2% ако биде на крајот од годината треба да сме пресреќни. Но проблемот е кој ќе сноси одговорност за сето ова, кој е тој што ќе ја плати сметката за сите овие промашувања, бидејќи не е ова нечија причина па што сака да прави овдека. Мора да се имплементира институтот одговорност кај политичарите. Доста е од овие политичари кои што го заматија ова политичко мочуриште. И кога ќе го прашате премиерот зошто некои од твоите соработници не понесе одговорност, тој ќе ви рече нема со кого да работам. Па зар ние на 2 милиони граѓани треба да бидеме заложници на твојот изговор дека ти нема со кого да работиш? Дека не си кадарен да составиш тим кои што ќе може твоите ветувања да ги реализира? Ако е така заминете сите, оставете на луѓето што се кадарни и што ги бива во оваа држава, има такви, верувајте дека има такви луѓе. Па сега ќе ви ветат, овие две години се небитни, но оваа следната 3,2% 100 отсто ќе ги реализираме и кога ќе го прашаат премиерот овие 5% каде се? Е тоа во 2020, тогаш. А замислете на цел свет на цела Европа брилијантно им одеше во 2017 и 2018 година, не дај Боже да им тргне надоле во 2019 година ќе се радуваме и на 0-та тогаш. Па што ќе не убедуваат тогаш, пак овие Вмровциве се виновни, од опозиција еве 3 години оние се виновните. Не толку ги бива, толку знаат, немаат ниту идеа, ниту знаат тоа да го направат, посочи лидерот на ВМРО-ДПМНЕ вчера во Гостивар.

Мицкоски говореше и за другите неисполнети ветувања на СДСМ.

-Ќе ветат гаранција за младите. Нити гаранција, нити младинска гаранција ниту било каква гаранција видовме. Видовме еден пилот проект, на кои што претпоставувам само децата на овие од врхушката на власт се израдуваа преку стипендии да можат да си дозволат да се школуваат на реномирани универзитети во Европа, за тоа што тоа е привилегија за нив одбраните, ние не сме во тој круг, ние сме обични смртници. Но и овие Универзитети каде што учиме сме многу подобри и знаеме како треба да го направиме тоа. Бидејќи и јас предавам на тој Универзитет и знам што ги учам моите студенти. Пред се да бидат принципиелни, да бидат чесни и да бидат искрени, да веруваат во себе затоа што само така ќе можат да успеат во животот и да дојдат до реализација на нивната крајна цел. Ќе го реформирале судството, како може човек  со проблематично и дискутабилно  криминално минато да го реформира судството? Како може човекот кој што се бркнал со се целата рака во медот да го реформира судството? Возможно ли е тоа? Му се верува ли на некој во оваа држава дека тоа е возможно? Па човекот беше аболиран за сомнеж за сторен криминал од осум милиони евра, зарем некој човек може да поверува дека он може тоа да го направи? Еве јас ќе ви дадам одговор. Не! И не само што нема да направи туку ќе ни остави такви проблеми со овие нереализирани ветувања, што ќе мора да волонтираме за државата како едно време и да ја извадиме на вистинскиот пат. Затоа што секој граѓанин во оваа држава без разлика на неговата етничка и верска припадност заслужува да живее подобро и ќе живее подобро кога ВМРО-ДПМНЕ ќе победи на следните предвремени или редовни парламентарни избори. Сакам да не должам повеќе за ова политичко мочуриште, сакам малку да зборувам за младите бидејќи сепак денеска е и Меѓународниот ден на студентите. Сакам да зборувам за луѓето кои што се повеќе ја напуштаат нивната родна татковина. За луѓето кои што се разочарани од тоа што се случува и со тоа нејќам да се амнестирам нити себеси, нити ВМРО-ДПМНЕ. Но сакам да кажам дека од грешките паметните луѓе влечат поука, се корегираат и носат правилни одлуки во иднина, а не ги продлабочуваат. Да, грешевме некогаш признавам и извлековме поука. И ја подготвуваме во завршна фаза една најобемната со проекти не со страници, од аспект на квалитет  не на квантитет Програма која што ќе донесе вистински решенија и одговори на сите реални проблеми на граѓаните вклучително и тие на младите. Зошто ова го зборувам? Секогаш емотивно се чувствувам празен после секоја дипломска на некој студент на кои сум ментор и на крајот од дипломската ќе ми каже – „Професоре ќе аплицирам во Германија“. Абе чекај, зашто во Германија, остани тука еве има странски инвестиции, има можности, – „Не ќе си одам во Германија“. Па друг ќе ми каже – „Одвај чекам да завршам професоре, ќе одам на „Work and Travel“, па кога ќе се вратам најверојатно во Холандија имам отворена работа“. Трета ќе ми каже – „Ќе одам во Словачка во производниот погон на Volkswagen“. А, се сеќавате се разбира на онаа инвестиција од 90-тите кога истите овие беа на власт на онаа фамозна најава дека они ќе отворат фабрика во Македонија. Тогаш Словачка уште не знаеше што е, знаеше како заврши сето тоа, не треба да ве потсетувам. Ако направите анализа и ако сериозно пријдете на проблемот зошто младите луѓе, зошто квалификуваните кадарни млади луѓе на ја напуштаат оваа земја, и оставаат тажни родители, баби и дедовци. Доаѓате до одговор кој што најчесто можете да го сретнете, а тоа е поради егзистенцијални причини. Се разбира младиот човек по природа е пркосен, бунтовен и сака да патува, мобилноста му е исто така значајна, сака network, сака мрежа да прави во животот но пред се тоа го правата од егзистенцијални причини. И ако вие го знаете проблемот, разумно и чесно е, и честито е да го побарате лекот за проблемот. Така што кога ја правевме Програмата на ВМРО-ДПМНЕ и се подготвувавме за предвремени парламентарни избори кои што за жал нашите браќа и сестри ни ги скратија. Но ќе дојдат и тие, и тие ќе дојдат многу скоро. И тие предвремени, и редовните и претседателските  ќе ги победиме нив тогаш. Но важно е дека направивме едно дело и еден проект кој што беше мултидисциплинарен и опфаќаше повеќе области и економија, и образование, и даваше одговор за младите. И денеска го зборував тоа, но еве сакам овдека на Гостиварци, истиот тој проект да го претставам. Ако е проблемот егзистенцијален, вие треба да креирате повеќе работни места. Но не е само проблемот егзистенцијален, туку дали е таа достоинствена егзистенција. Јас мојот живот професионален по завршувањето на студиите како студент на мојата генерација го започнав со метлата во рака., во еден салон за возила. И тогаш си реков – „Дали ова е тоа што треба најдобриот студент на еден технички факултет да го прави во својот живот, да мете овдека, пред овој салон за возила“. Се разочарав. Заминав во странство на постдипломски студии, па се вратив назад, па повторно се вработив во една друга фирма и таму повторно ми ја дадоа метлата ама тогаш монтирав во сплит системи. Но верував во себе, и не ја губев вербата, знаев кон што сакам да одам и како да дојдам до тоа и ја имав дефинирано својата животна методологија, не беше лесно, тешко беше. На крај дојдов и до директор во таа компанија, потоа и до универзитетски професор и сега еве Претседател на најголемата и најорганизираната политичка сила во Република Македонија. Јас ја имав таа среќа, но не значи дека сите од мојата генерација ја имаа таа среќа. И затоа во оваа Програма предвидовме проект кој што во најголема мера барем ќе понуди решение за сите оние млади луѓе кои што ќе сакаат да ја напуштат Македонија поради егзистенцијални причини, а тоа ќе биде креирање на силно платени работни места. И која е методологијата, секогаш процесот на привлекување на директни странски инвестиции но и на поттикнување на директни домашни инвестиции започнува од обичен портал инвестиции, односно лом производство. Колку влез нешто повеќе излез, односно колку увоз нешто повеќе извоз. Влегла платината излегол финалниот производ катализаторот односно додадената вредност е онолку колку што е доволно да бидат исплатени платите на работниците кои што работат на технолошките ленти, а она што ќе остане претпоставувам тој инвеститор ако е домашен ќе го користи за себе и за развој на својата компанија. А, оној кој што е странскиот инвеститор ќе го врати во својата матична компанија. Но никој до сега, а тоа е нормално затоа што во принцип потребно е неколку години да поминат за да сите оние инвеститори веруваат повторно во тоа што го инвестирале во Македонија, да и дадат втора, трета шанса и така натаму. И да идат чекот понапред. Е отворање на развојни истражувачки центри. Во тие развојни истражувачки центри работат млади луѓе, што туку завршени студенти, и се силно платени. Направивме анализа на две странски инвестиции развојно истражувачки центри во нивните матични земји. Просечните примања на тие луѓе кои што работат во тие развојни истражувачки центри се помеѓу три ипол и пет илјади евра нето. Со дополнителни субвенции кои што би ги понудиле и кои што се предвидени во нашата Програма за отворање на овие развојни истражувачки центри во интервју со нив не видевме нереална причина да тие се преселат овдека во Македонија, и на младите луѓе од Македонија им дадат шанса да бидат дел од тимот кој што ќе развива и истражува нови производи за нивните потреби. Со малку деморирани примања што за македонски услови значат најмалку пет до седум пати повеќе од просечната плата која што е исплатена во државата. Што навистина е предизвикувачки за секој млад човек. Но и единствената причина зошто тоа не го сториле затоа што и досега искуството велело дека најголем дел од луѓето им е потребна дообука, доквалификација и итн. Што ќе рече потребно е да имаме силно мотивиран образовен кадар. Кадар кој што ќе образува млади луѓе. Во високото образование, во средното образование, во основното, но социологијата вика дека развојот започнува во претшколската возраст. Не може негувателките и воспитувачките да имаат недостоинствени примања од 12, 13, 14 илјади денари. И да се грижат и да ги воспитуваат нашите најмали, истакна тој.

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ рече дека направиле симулација, направивиле Програма како тоа ќе влијае и какви се ефектите кои што ги очекуваат од овој проект.

-И донесовме одлука дека во нашата Програма овој проект ќе зафаќа маркантно место и тоа пред се во делот на мотивирање, пронаоѓање и привлекување на овие странски инвестиции, домашни инвеститори кои што ќе инвестираат во развојно истражувачки центри,а потоа преку зголемување на матичните примања на наставно образовниот кадар од претшколска возраст па се до високо образовни институции до 50% од нивната вредност која што сега ја примаат. А, истовремено зголемување на стипендиите за младите луѓе, за талентираните луѓе. И на тој начин конечно обезбедување на најмалку 500 загарантирани работни места за најдобрите и најуспешните студенти во генерацијата во која што ќе завршат на државните Универзитети во Република Македонија. И таа понуда ќе биде дел од новата Програма на ВМРО-ДПМНЕ заедно со понудата до наставно образовниот кадар и заедно со понудата до домашните но и до странските инвеститори. Затоа реков повеќе функционална синергија помеѓу три целни групи. И тоа студентите, образовниот кадар, но и бизнис заедницата но не само на меѓународната, странската туку и онаа која што е домашна. Затоа што не смееме да дозволиме државата да ги губи младите луѓе. Но и затоа што и младите луѓе се столбот за иднината на една држава. И ние тоа ќе го направиме. Ви ветувам дека еден од следните мои обраќања од овдека од Гостивар ќе биде токму презентација од овие мерки кои што предвидовме во таа Програма која што планираме да ја претставиме на македонската јавност многу скоро со одредени проекти. А, пред предвремени или редовни парламентарни избори во целост. Ќе ги презентираме сите ефекти од сето ова бидејќи тогаш ќе бидеме Влада, и тогаш нема да збориме со честицата „Ќе“, него ќе збориме со потврдна форма. Затоа што јас ги разбирам моите сограѓани, зошто секогаш гледаат со недоверба во политичарите, затоа што во безброј пати до сега биле прелажани. Безброј пати им било ветувано, и не биле исполнети тие ветувања. Иако ВМРО-ДПМНЕ секогаш во минатото се трудело тоа што ќе го вети да го реализира. Но ова политичко мочуриште мора да испари, мора да испари со оваа генерација политичари кои што ја водат Владата на СДСМ. Ние мораме да создадеме политичка опција која што ќе понуди нови креативни, иновативни решенија за сите реални проблеми на нашите граѓани кои што ги тиштат. Тоа е иднината на нашите граѓани, да не влегуваме во овој театар, во ова реално шоу кое што ни го приредува оваа ненародна и криминална власт предводена од овој аболиран политичар. Да се обидеме да го игнорираме тоа е најголемата казна која што ја заслужуваат. Да не потклекнеме на сите оние лажни вести, на сите оние обиди за манипулација на онаа група армадила луѓе која што скапо плаќана со жолтици сака да ни претстави розева иднина. Сака да ни претстави пристојна сегашност, а всушност поразот сака да ни го претстави како триумф, лошото да ни го прикаже како добро. Тоа зависи од нас. Мораме самите да веруваме во себе дека можеме тоа да го направиме. Мора да веруваме дека самите ќе се промениме за да ја промениме нашата иднина и иднината на нашите најмили. И иднината на нашата држава. Јас сум подготвен да работам двојно повеќе од она што треба да го работам, мотивиран сум, колку повеќе ме притискаат кај мене тоа е обратно пропоционално, мотивираноста расте се повеќе. Да дојдеме до целта. Затоа што ова е таа историска можност за оваа генерација луѓе. Не само во ВМРО-ДПМНЕ, за сите добронамерни граѓани кои што сакаат да и застанат на патот на оваа ненародна, самобендисана криминална власт. Сите тие се добродојдени да застанат до нас. Сите тие ги имаат отворено вратите, нека влезат, нека ни се придружат нема да биде краток овој пат и нема да биде едноставен но колку е потежок толку победата ќе биде послатка.Колку повеќе ќе се мачиме толку повеќе како Влада ќе работиме. За доброто на сите граѓани во оваа држава.  Затоа сосема на крај уште еднаш сакам да ви порачам вам Гостиварци, никако не смееме да ја изгубиме вербата во ВМРО-ДПМНЕ и во Македонија. И што е најважно во самите себе, порача Мицкоски.