Мицкоски се сретна со помошникот на генералниот секретар на НАТО
Претседателот Христијан Мицкоски заедно со потпретседателот Александар Николоски и меѓународниот секретар Тимчо Муцунски се сретна со помошник на генералниот секретар на НАТО, Арндт Фрејтаг вон Лоринговен.
Претседателот Мицкоски уште еднаш ја потенцираше важноста за членството на Република Македонија во НАТО Алијансата, истакнувајќи дека ВМРО-ДПМНЕ цврсто го поддржува приклучувањето на државата кон Алијансата и ЕУ, како и важноста на истото од стратешки план за Република Македонија и целиот регион.
На средбата исто така се разговараше за актуелните политички случувања во Република Македонија, при што Претседателот Мицкоски изрази загриженост за загрозувањето и невладеењето на правото и правната држава од страна на актуелната власт, каде што власта на најгруб начин преку уцени, закани и притисоци се пресметува со своите неистомисленици.
Соговорниците се согласија дека членството на Република Македонија во НАТО е неопходно, на што Претседателот Мицкоски истакна дека оваа Влада нема капацитет и е неспособна да ги води реформските процеси во државата, кои треба да донесат подобар и поквалитетен живот за граѓаните, стои во соопштението испоратено од ентар ВМРО-ДПМНЕ.
Ново на Сител
-
Уапсен поранешниот директор на затворот Шутка, Филип Андов-Сокол
-
31 лице и 5 фирми ќе одговараат за криминали во ЕСМ
-
ФФМ призна дека ФК Силекс е елиминиран од судиите
-
ИЈЗ: Годинава има најмногу болни од грип – наредниот период се очекува намалување на активноста на вирусот
-
Тутунарите незадоволни од понудените цени за новата реколта, бараат 510, добија само 420 денари
-
Стармер кај Трамп на разговори за војната во Украина
-
Приведен поранешниот директор на затворот Шутка, Филип Андов-Сокол
-
Пратенички прашања во Собранието