Мицкоски: Приоритет на ВМРО-ДПМНЕ сега не се изборите, мандатот на пратениците е завршен
Овој состав на Парламентот е поранешен и мандатот на прaтeниците со неговото распуштање е завршен. Тие го вратија легитимитетот назад, кај граѓаните. Единствен што може да ја наполни салата во Собранието е народот. Не може ниту Зоран Заев, ниту група на пратеници да се обидуваат да го кршат Уставот, рече денеска лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.
Мицкоски на прес-конференција, одговорајќи на новинарски прашања, уште еднаш повтори дека приоритет на ВМРО-ДПМНЕ сега не се предвремени избори, туку надминување на состојбата со коронавирусот.
-ВМРО-ДПМНЕ е подготвен да го порази СДСМ секогаш. Но, одржување предвремени парламентрани избори кога имаме пандемија на КОВИД-19 и кога секојдневно се бориме со инифицирани луѓе и жртви, кога се соочуваме со економска, санитарна и образовна криза, па и воопшто кога имаме кризна состојба, не еден од приоритетите. Најпрво да се избориме за здравјето на граѓаните, да ја вратиме економијата на победничките патеки, а потоа можеме да размислуваме за избори, истакна Мицковски, одговорајќи на прашањето дали ВМРО-ДПМНЕ ќе учествува на изборите ако тие се одржат на крајот на јуни или во почетокот на јули.
Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ на прес-конференцијата ја обвини Владата предводена од СДСМ дека во првите три месеци од годинава потрошила нешто под 43 отсто од вкупно планираниот буџетски дефицит за 2020-та или 120 милиони евра повеќе од тоа што е собрано во државната каса. Со тоа, нагласи Мицковски, власта го задолжила секое македонско семејство со по 15.000 денари во просек.
– Анализите покажуваат дека врз Буџетот е направен смислен и добро организиран грабеж на нардоните пари. Трошено е безмилосно, расипнички и недомаќински, а за тоа постојат и конкретни бројки. Само во март се потрошени 50 милиони евра повеќе од она што е собрано во Буџетот, а лани истиот месец биле потрошени само седум милиони евра, обвини Мицковски, додавајќи дека во првите три месеци од 2017 година биле потрошени 19 отсто од планираниот буџетски дефицит, во 2108-та околу 17 отсто, а во 2019 година нешто над 18 проценти од планираниот буџетски дефицит.
Ново на Сител
-
Ковачевски од Демир Капија: СДСМ и Коалицијата се единствена опција за европска иднина на државата
-
Силен земјотрес ја стресе Турција
-
Покрај отстапката на властите сите локални избори да бидат на 2 јуни, опозицијата се уште без став дали ќе излезе на избори
-
Николоски: На овие избори се одлучува дали Али Ахмети ќе продолжи да газдува со Македонија
-
За 3 дена во странствo ќе заработам како за 3 години тука | Ана Марија Јанковиќ | Sitel Podcast 027
-
Дачиќ за Бујар Османи: Интересно е дека Пендаровски не бил информиран за резолуцијата за Сребреница
-
Столтенберг: НАТО работи на испраќање повеќе ПВО системи во Украина
-
Бислими: Српската страна не нуди идеи за решавање на проблемот на употребата на динарот на Косово