Македонија
25. April 2019 - 16:28

Мицкоски оствари средба со Тимоние

Денеска, претседателот на ВМРО-ДПМНЕ , Христијан Мицкоски, заедно со членот на Извршниот Комитет Игор Николов оствари средба со францускиот амбасадор, Кристијан Тимоние.

Соговорниците разговараа за изборниот процес во Република Македонија и за претстојниот втор круг на гласање. Мицкоски го информираше својот соговорник за сите притисоци и заплашувања во процесот на кампања од страна на власта, злоупотребите на институциите и состојбите со полициски службеници кои активно земаат учество на партиски митинзи.

Изборниот ден беше оценет како мирен, а беше изразена надеж дека истото ќе биде и со вториот круг на гласање.

Мицкоски посочи дека врвен приоритет се демократските избори, кои се клуч за напредокот на земјата. Дополнително беше кажано дека на Република Македонија итно и е потребно департизација на администрацијата, деполитизација на судството и забрзан економски раст.

ВМРО-ДПМНЕ останува силен мотор за зачленување на државата во ЕУ, што е стратешка определба на ВМРО-ДПМНЕ и Република Македонија.

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ