Мицкоски оствари средба со новиот амбасадор на Велика Британија
Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски денеска заедно со потпретседателите Александар Николоски и Владо Мисајловски остварил средба со новиот амбасадор на Обединетото Кралство на Велика Британија, Метју Лосон.
Мицкоски упатил благодарност за континуираната поддршка од страна на Обединетото Кралство на Велика Британија, потенцирајќи дека во интерес на државата и граѓаните потребно е продлабочување на соработката и добрите односи меѓу двете земји.
На средбата се разговарало и за актуелната политичка и економска состојба и за енергетската криза.
Мицкоски, како што соопшти ВМРО-ДПМНЕ, рекол дека власта лошо менаџира со институциите и дека тоа е една од причините зошто земјава се соочува со енергетската криза, посочувајќи дека доколку се направи на време план за модернизација на производните капацитети со кои располага државата, тогаш тогаш нема да биде увозно зависна, туку ќе има доволно електрична енергија да извезува.
Во однос на надворешната политика, Мицкоски го информирал амбасадорот Лосон дека ВМРО-ДПМНЕ е за зачувување на државните и национални интереси.
Ново на Сител
-
Преглед на вестите од светот
-
Мицкоски: ДУИ креира тензии
-
Запленети 4 тона марихуана
-
Бишев: Владата ги носи економските политики
-
Петрова: Даноците се собираат според планот
-
О2: Владата да забрани увоз на автомобили постари од 10 години
-
Јавниот линиски превоз во Штип, успешна приказна
-
Преглед на вестите од свет