Мицкоски: Околу 84 илјади вработени ќе добијат К-15 во ноември или декември

Околу 83 до 84 илјади вработени чии што работодавач е Владата ќе добијат К-15 на крајот на ноември или почетокот на декември, најави денеска премиерот Христијан Мицкоски прашан дали на наставниците ќе им биде исплатен регрес за годишен одмор.
-Да, иако тоа во основниот буџет не беше предвидено, во ребалансот на буџетот се предвидени околу милијарда денари за исплата на К-15 која што е законска обврска на сите работодавачи и оваа законска обврска Владата како работодавач најголем има намера да ја заврши некаде кон крајот на ноември, почетокот на декември, рече Мицкоски.
Потсети дека согласно Законот се потребни минимум шест месеци работен стаж за да се оствари право на К-15 и посочи дека исплата по тој основ ќе се овозможи на поголем број граѓани кои во меѓувреме ќе се стекнат со работно место.
Во однос на барањето на синдикатите за средба за зголемување на минималната плата, рече дека се подготвени да разговараат со сите врз основа на реалните можности на Буџетот.
Подготвени сме, посочи, да организираме средба и со синдикатите и со работодавачите и сите заедно да најдеме решение.
- Убеден сум дека сите ние имаме заеднички интерес - да успее Македонија. Ако сите се водиме од овој заеднички интерес тогаш убеден сум дека ќе најдеме решение, рече Мицкоски, на новинарско прашање при посетатата на ОУ „Стив Наумов“ по повод почетокот на учебната година.
Ново на Сител
-

Молитва на македонски јазик пред вечното почивалиште на Свети Кирил во Рим
-

Филипче: Оставката на Земон е одличен морален чин, СДСМ работи исклучиво за македонските интереси
-

30 дена притвор за возачот на камионот по трагедијата на скопската обиколница
-

Локалитетот Манчевци - музеј на отворено
-

Македонската народна музика и песна два дена ќе ечи во Прилеп и Долнени - започна „Пеце Атанасовски“
-

Преглед на вестите од светот
-

Tема на денот со Гордана Сиљановска Давкова, претседателка
-

Четворица загинати во тешка сообраќајка на скопската обиколница
