Мицкоски: Очекувам Урсула фон дер Лајен да излезе со позиција да добиеме безусловен почеток на преговорите
Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски изјави дека од претстојната посета на претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен очекува таа да излезе со позиција нашата држава да добие безусловен почеток на преговорите со ЕУ и дека без дополнителни условувања ќе ги отпочнеме преговорите, иако како што потенцираше, свесен е за недостатоците што ги имаме на домашен план.
-Очекувам претседателката на ЕК Урсула Фон дер Лајен да излезе со позиција дека Македонија ќе добие безусловен почеток на преговорите со ЕУ, иако сум свесен за многу недостатоци кои што ги имаме на домашен план, поради неработењето на корумпираната Влада на СДСМ и ДУИ. Ценам дека на тој начин ќе се одаде признание и на државата и на граѓаните за сето она кое што го направија изминативе 23 години, од првиот ден кога беше потпишан Договорот за стабилизација и асоцијација, и ќе се одаде признание и почит кон сите понижувања и омаловажувања, кои што мораше граѓаните да ги издегистираат, од промената на националното знаме па се до насилната промена на уставот и уставното име, рече денеска Мицкоски одговорајќи на новинарско прашање по средба со стопанствениците од Општина Петровец.
Мицкоски е на ставот дека очекува вакво признание од Урсула фон дер Лајен, посочувајќи дека „иако малку го почитува овој народ и држава, тоа е најмалку што може да направи“.
Ново на Сител
-
Кристоф Ле Риголер: Да бидеме реални, не може да постои апсолутна гаранција за исходот на процесот на евроинтеграција
-
Продолжуваат преговорите за пласманот на средствата од унгарскиот заем на стопанството
-
Бајден и Макрон разговараа за прекин на огнот во Либан
-
Владата најави можност за набавка на нови електрични автобуси за одржлив и стабилен јавен градски превоз
-
Остин: Севернокорејските војници наскоро ќе се вклучат во војната во Украина
-
Најмалку четворица загинати при израелски воздушен напад врз Бејрут
-
Состојба на патиштата
-
Променливо облачно, повремен снег во западните делови