Мицкоски очекува успешна сезона за лозарите
Премиерот Христијан Мицкоски очекува успешна сезона за лозарите. Како што изјави денеска, родот на грозјето, според проценките, треба да достигне 110 милиони килограми, а цената да биде за нијанса повисока од ланската во делот на откупот на „вранецот“ и „смедеревката“.
-Минатата година кога ја формиравме Владата, министерот за земјоделство имаше состаноци со откупувачите и производителите и се постигна највисока цена на „вранецот“ и „смедеревката“, а имавме околу 75 милиони килограми род зашто немаше доволно вода, не беа одржувани системите за наводнување, немаше плати,... Оваа година состојбата е многу поинаква, родот би требало да биде далеку од рекордните 150 - 200 милиони килограми, но треба да стигнеме од 100 до 110 милиони килограми. Од информациите што ги имам, цената ќе биде за нијанса повисока од лани во делот на откупот на „вранецот“ и „смедеревката“ или повтроно ќе биде соборен нов рекорд, потенцира премиерот по пуштањето во употреба на целосната санација на Музејот на вода во Заливот на Коските во Охрид.
Ново на Сител
-
Тема на денот со Горан Марковски, декан на Градежниот факултет
-
СДСМ ја кандидира Каја Шукова за градоначалник на Скопје
-
Вештачката интелигенција од септември ќе се применува во средните училишта во Македонија
-
Детска болница Козле доби вода
-
Болницата во Козле и денеска без вода – од Водовод велат проблемот е на болницата, не нивен
-
Продолжен рокот за пријавување на волонтери за гаснење пожари
-
Мицкоски предлага заедничка резолуција на Бугарија
-
Родителите на починатите деца во трагедијата во Пулс огорчени од средбата со премиерот