Македонија
30. јуни 2019 - 16:53

Мицкоски на Фејсбук:Ќе донесеме историски план за економски силен развој

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски со објава на својот фејсбук профил најави носење историски план за економски силен развој, враќање на рамниот данок и поголеми плати и пензии кои би се постигнале преку зголемување на економскиот развој.
 
Мицкоски во дел од објавата на фејсбук ги критикува владините економски политики натаму дека бројот на работници во индустријата во месец мај 2019 бил за  2,5% помал од бројот на работници во индустријата за истиот месец лани.
 
Вистината е немилосрдна исто какви што се цунами последиците во македонската економија како резултат на политиките на сега веќе двоецот Заев-Анѓушев.
 
Немаат развоен концепт, немаат визија, нема структурни реформи. Планот на двоецот Заев-Анѓушев е во две генерални точки: прво, целосна окупација на министерството за финансии и второ, концепт на зголемување на задолжувањето на државата на рекордно ниво од сегашните 49% од БДП на 60% од БДП и не за капитални инвестиции и развој туку за социјални трансфери, плати и пензии, мислејќи дека на тој начин ќе тргуваат со симпатиите на гласачите и ќе ги добијат следните парламентарни избори.Напиша Мицкоски на фејсбук.