Македонија
4. November 2021 - 18:37

Мицкоски – Мичел: Граѓаните јасно порачаа дека се потребни промени кои ќе обезбедат нова иднина и стабилна влада

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски, потпретседателот на партијата Александар Николоски и секретарот за меѓународна соработка Тимчо Муцунски, денеска остварија средба со претседателот на Националниот деократски институт од САД, Дерек Мичел.

Мицкоски, како што е наведено во партиското соопштение, го поздравил ангажманот и соработката на НДИ со ВМРО-ДПМНЕ и изразил подготвеност за продолжување и унапредување на досегашната соработка се со цел зајакнување на демократските процеси во државата.

–Соговорниците разговараа и за резултатите од локалните избори, за кои што претседателот Мицкоски нагласи дека граѓаните јасно порачаа дека се потребни промени кои ќе обезбедат нова иднина и нова стабилна влада која ќе ги рефлектира барањата на граѓаните. Сите градоначалници на ВМРО-ДПМНЕ ќе работат за подобра иднина на сите граѓани на државата и реализирање на клучните проекти кои што ги ветија во изборната кампања. Воедно тој посочи дека е потребно целосно испитување на злоупотребите на државните институции во изборниот процес и недемократските средства со кои се служеше власта во заминување, се наведува во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ.

Соговорниците се согласиле дека соработката со НДИ треба да продолжи и во иднина на насока на подобрување на демократските процеси на државата.