Македонија
3. February 2021 - 10:35

Мицкоски: Македонија со владата на Заев официјално е хибриден режим, кој е најкорумпиран во Европа

Заев ветуваше иднина во Европа, а не може земјава да мрдне од Африка. Ветуваше живот, a стана рекордер по мизерија. Ветуваа правда, останавме заковани во хибриден режим. 

Македонија со Владата на Заев и официјално е "хибриден режим" кој е "најкорумпиран" во Европа. 

Според Индексот на демократија, во 2020 година е на 78. место или не сме напреднале споредено со минатата година на ранг листата што ја прави „Економист“, повторно прогласувајќи ја земјава за хибриден режим.

Ако според Транспаренси Интерационал сме една од најкорумпираните држави во Европа во групата со Танзанија, Буркина Фасо, Колумбија, Гамбија, според Индексот за демократија сме хибриден режим заедно со Ел Салвадор, Украина, Бангладеш.

Дијагнозата е мафија, одговорот мора да е народот! Ќе победиме, затоа што друг избор нема Македонија!

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ