Мицкоски ќе учествува на 20. Европски самит во Салцбург
Премиерот Христијан Мицкоски утре во Салцбург ќе учествува на 20. Европски самит посветен на Европската Унија, каде ќе има обраќање. Во вторник Мицкоски ќе има средба со претседателот на Австрија Александер Ван дер Белен и со министерот за надворешни работи Александар Шаленберг.
-Во воз на пат од Виена за Салцбург каде утре имам свој панел и излагање на 20тиот Европски самит во Салцбург посветен на Европската Унија и реформите на овој пат. Имаме јасен план и визија и подготвеност да бидеме вреднувани според нашите напори и залагања. Веќе следниот ден на средби во Австрија со австрискиот министер за надворешни работи Александар Шаленберг и претседателот на Австрија Александер Ван дер Белен. Ги браниме македонските интереси и работиме за заедничката иднина, напиша премиерот Мицкоски попладнево на Фејсбук.
Ново на Сител
-
61% од учениците жртви на психичко насилство, 30% не се чувствуваат безбедно во училиштата
-
Иновативниот пристап препознат кај водичите
-
Експлозија на Косово: Курти ја обвинува Србија, Белград говори за намерна диверзија
-
Преглед на вестите од светот
-
Вооружен грабеж во продавница на Градски стадион - уапсени две лица
-
Мерки притвор
-
Хаос и караници на вонредната седница на советот на Град Скопје
-
Тема на денот со Борче Треновски