Македонија
16. February 2021 - 14:45

Мицкоски: Директорот на статистика менува ставови, власта прави театар, барем нека ги кажат процентите кои однапред ги договориле

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски при посетата на компанијата “Специјал продукт” на новинарско прашање во врска со Законот за попис истакна дека  овој попис ваков како што е, нема да даде одговор за тоа како Република Македонија треба да се развива. Тоа е суштината на една статистичка операција. Овој попис нема да даде одговор на тоа прашање. Колку побрзо ќе го повлечат Законот и седнат на маса со опозицијата, за да се направи една вистинска методологија и процедура, толку подобро. 

-За иницијативата за укинување на Законот за попис, ќе имаме активности веќе од овој викенд, но јавноста ќе биде благовремено информирана преку партиска прес конференција. И цениме, особено по последните изјави на директорот на Државниот завод за статистика, кој што вчера се извинуваше па се колнеше, жими мајка не мислев така, мислев вака, само се потврдува дека станува збор за обичен театар, шарада и операција која што нема никаква врска со статистиката. Барем да не ги малтретираат луѓето нека ги кажат процентите кои што треба да бидат и на луѓе и на домаќинствата за да не го слушаме овој срам со кој што секојдневно се посипуваат владините функционери и државниот врв, посочи Мицкоски.

Така што ние ќе започнеме, рече Мицкоски ќе се бориме и ќе ги искористиме сите демократски алатки кои што ни стојат на располагање и ги повикувам сите парламентарни партии, без разлика дали се од опозиција или власт, да дадат поддршка на оваа иницијатива, бидејќи овој попис ваков како што е, нема да даде одговор за тоа како нашата држава треба да се развива. 

-Тоа е суштината на една статистичка операција. Овој попис нема да даде одговор на тоа прашање. Колку побрзо ќе го повлечат Законот и да седнеме да направиме една вистинска методологија и процедура, толку подобро. Велеа не можат да спроведат со фингер-принт, денеска прочитав соседна Албанија на следните парламентарни избори кои што ќе се одржат во април, веќе во рок од три месеци спровела постапка и обезбедила терминали со кои Државната изборна комисија ќе ги спроведе изборите. Ако не послушаа кога им кажувавме во ноември, во декември и ја започнаа постапката за три месеци истите ќе беа тука, адаптирани и ќе можевме да ги користиме за операцијата попис. Но, тоа некој не сакаше да го направи. Ете соседна Албанија им одржа лекција како тоа се прави. Но, кај нас таква волја не постои, изјави Мицкоски.